Скопје ќе добие нов мост кој ги спојува Карпош 3 и Карпош 4 со Злокуќани

Многу средства Градот годинава ќе потроши за изработка на градежни проекти за реализација на нови сообраќајници. Од есенва ќе почне со реализација првата фаза на новиот градски булевар, од мостот „Близнаци“ до Скопски саем.

-На почетокот на наредната година во делот на спојувањето на Ќерамидница со Аеродром ќе почнеме со реализација на мостот, а потоа и на булеварот низ Ќерамидница. Очекувам дека во наредните две години тој проект ќе се реализира и сериозно ќе го растовари сообраќајот во Скопје. Во завршна фаза е проектирањето на мостот кој ги спојува Карпош 3 и Карпош 4 со Злокуќани и очекувам наредната година да почнеме да го реализираме. Во фаза е проектирањето на продолжението на булеварот „Словенија“ од таму каде што сега завршува до Волково, меѓу Бардовци и Злокуќани. Мораме да дадеме плански инпут во развојот на градот. Развојот на Скопје во изминатиот период е стихиен и е надвор од каков било план и каков било концепт. Јас за разлика од други сакам да зборувам за концепт на развој на нашиот град.  Очекувам дека не подоцна од 15 септември годинава Град Скопје ќе го распише тендерот за проектирање на тунелите под Кале. Рокот кој го предвидуваме за изработка на проектот е осум до десет месеци, што би се рекло до година ќе имаме документ и ќе можеме да зборуваме за тендер за изградба на тунелите под Кале, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервјуто за МИА.

nike air max 1 sale