Скопје ќе добие бронзена статуа од Махатма Ганди?

Индија сака на Скопје да му подари статуа или биста на Махатма Ганди во насока на одбележување на 150 годишнината од неговото раѓање, со барање надлежните од Градот да ја изберат локацијата и да го креираат постаментот. За оваа намера Амбасадата на Индија во Софија го известила нашето МНР, кое пак, преку Министерството за локална самоуправа иницијативата ја претпратиле до Град Скопје, јавува весникот Вечер.

Станува збор за бронзена статуа во висина од околу 2 метри и постамент од 110 сантиментри, додека димензиите на бистата се: 76 сантиметри висина и 120 сантиметри постамент.

Од Град Скопје информирале дека овој предлог треба да прифатен од Собранието и да биде ставен во соодветната програма за подигнување на споменици, треба да се распишат конкурси и слично, а овие постапки одземаат многу време.