Скопје: Казнети 137 возачи, 49 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, седум санкции за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас и осум санкции за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.