СКОПЈЕ КАКО ПАРИЗ: Се затвори 14. издание на Моден викенд Скопје

По три дена и дванаесет модни ревии во „Скопје Мериот хотел“ есенското издание на Моден викенд Скопје го затворија креаците на дизајнерката Ирина Тошева.

Последната модна вечер започна со групната ревија на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска.

Марија Трајанова која работи под брендот „Марсин“ дебитираше со колекцијата „Million voices“.Креациите на Евгенија Зафировска наречени „ Black Feedback“ беа презентирани со моден перформанс поддржан од „Пакомак“.

Дизајнерката Ирина Тошева чијашто десетта јубилејна ревија на Моден викенд Скопје ја поддржа „Avicena“ за својата колекција ќе рече„ Еден нејзин пердув може да осветли и спаси цел град. Таа е благослов, но може да донесе и несреќа на оној кој ќе ја фати. Жар-птицата живее во приказните од словенскиот фолклор, а нејзината потрага е пресликана во новите креации“.

Редакцијата на Теа Модерна ја прогласи Јована Филиповиќ за најдобар дизајнер на четиринаесеттиот Моден викенд Скопје а за најдобра манекенка Христина Јанеска од модната агенција „Подиум“.