Скопје Инфо е во потрага по млади фотографи!

Друштвото за информатички, технички и консултански услуги ДМС КОМУНИКАЦИЈА ДОО СКОПЈЕ, Компанија која стои позади првиот градски информатор – веб порталот www.skopjeinfo.mk има потреба од ангажирање на:

Млади фотографи

Идеалниот кандидат за оваа позиција, потребно е да има љубов, искуство и познавање од фотографија, со посебен акцент на урбана фотографија, истовремено да го сака Скопје и да ужива во фотографирање на градот.

Ако сметате дека ги исполнувате горенаведените критериуми и истовремено можете да се пронајдете во некоја од областите на нашата работа, вашата кратка биографија, мотивациското писмо и неколку фотографии (по можност од Скопје) испратете ги на marketing@skopjeinfo.mk (со назнака за оглас за фотограф)

Мотивациското писмо треба да биде кратко со клучните поенти за тоа како Вие ќе придонесете околу оваа работа.

Доколку процениме дека Вие сте човекот кој може да биде дел од нашиот тим, по краткиот пробен период следи редовно привремено ангажирање.

Вашите апликации може да ги испратите најдоцна до 25.03.2018 година