Скопје имаше душа…

Скопје имаше душа…

му велел дедо ми на татко ми.

Скопје имаше душа…

Ми велеше татко ми мене. Ми раскажуваше за плажите на Вардар. за дрвеното мовче, за вовчето Чиро, за игранките, за корзото (кој од која страна стоел), за тесните панталони. за шпицерајките кондури, за првиот кожен фудбал (донесен од Америка), за тоа кој кого сакал, кој бил љубовџија, кој бил тепач, кој бил и тоа и тоа… Скопје имаше душа… Им раскажувам на моите синови.Имавме безгрижно детство, беревме кајсии, праски (од гранките што висеа по патот), игравме фудбал и сервис на празните паркинзи и улици, жмурки, брканица, цело лето одевме боси и се прскавме со цревата за парковите, можевме да одиме низ цела Југославија автостоп без да ни фали влакно од глава, плачевме кога умре Тито, искачавме пред Ванила, во стара чаршија, кафичите работеа до сабајле, марката беше седум динари, грците доаѓаа да пазарат кај нас…

Моите синови ќе им раскажуваат на нивните деца, Скопје имаше душа…

Велат постарите.

Драган Спасов – Дац