СКОПЈЕ ИМА УЛИЦА ШАМПИОН: На секој метар по шест-седум капаци

Скопје има улица шампион по отвори за разни приклучоци. На 1400 метри се поставени повеќе од 220 шахти, отвори за атмосферска и фекална канализација, приклучоци за водовод, дури и отвори кои тешко може да се идентификуваат. Станува збор за улицата Антон Попов (порано Огњан Прица) која кај "Шампионче" се спојува со Димо Хаџи Димов.

Тоа е улицата која заедно со булеварот Борис Трајковски (поранешна Првомајска) претставува една од двете главни артерии кои Скопје го поврзуваат со општина Кисела Вода, односно населбите Драчево, Зелениково, Орешани... На оваа сообраќајница нема место без некој приклучок. Всушност, на секој метар има повеќе од 6 шахти или други приклучоци кои на места се наоѓаат на многу мало растојание.

 - Во метрополата има многу улици кои можат да ја заслужат шампионската титула по крпеници, копаници, но Огњан Прица е дефинитивно на прво место по шахтите. Иако по многу скопски улици се вози слалом само за да се избегнат дупките, на оваа ни тоа не помага. Едноставно нема место каде нема шахта, вели жител од улицата "Вера Јоциќ".