Скопје: Им земал 20.000 евра за тајна посета во затвор

68-годишниот кумановчанец Н.Б. од селото Отља, кумановско, пријавил дека во текот на месец Јули 2016 година Н.М. од Тетово го измамил и тоа за 20.000 евра. На една средба во ресторан во селото Сарај со Т.Б, ќерката на оштетениот, и со нејзина другарка, Н.М. им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово и им ветил дека доколку им затребал истите можеле да го побараат.

Тогаш девојката му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, на што тој им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат. По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Т.Б. на Н.Б. му кажала дека се потребни поголема сума на пари за ослободување на затвореникот, за што тој прифатил и одвоил 20.000 евра, кои му ги дале на лажниот полицаец.

Кога Н.Б. во месец септември отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека до сега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М. но истиот не се јавувал.

Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра.