Скопје и Охрид ќе се поврзат со автопат

Идната година ќе започне изградбата на нов автопат од Гостивар до Кичево, со што делницата од Скопје до Охрид станува целосно автопат, најави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, на трибината во Струга, во неделата вечерта.

Во моментов се работи на автопатот од Кичево до Охрид, а со најава на новата делница Кичево-Госитвар и веќе постоечкиот автопат од Скопје до Гостивар, Охрид и главниот град, за прв пат би биле поврзани со автопат.

Секако, министерот нагласи дека интензивно се работи на делницата Демир Капија-Смоквица, која треба да биде завршена идната година, делница долга 28 километри која започна да се гради во 2012-та и на неа ќе има два тунела, шест моста, пет надпатници и седум подпатници.

Воедно посочено беше дека планирана е реконструкција на повеќе патни правци: Крива Паланка-Македонска Каменица, Скопје-Велес, Прилеп-Градско, Битола-Ресен-Буково-Штип. Воедно ќе се гради и нова автопатска делница од Струга до Требениште од по две ленти и една застанувачка во должина од 8,5 километри.

Мисајловски нагласи дека повеќе од една милијарда евра се инвестирани во патната инфрастуктура на територија на целата земја.