Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот

Скопје ноќеска беше меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir.

Во текот на вчерашноот ден, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот.

Со значително загаден воздух ноќеска беа и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.

Дури седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на СЗО. Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок. Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата.