Скопје и натаму корона-жариште, со над 10.000 заразени

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, од кои во моментов активни се 20.020.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани 718 нови случаи на Ковид -19 од направени 3.044 тестирања. Регистрирани се 95 реинфекции.

Најголем број активни случаи има во Скопје – 11.012, потоа Битола – 1.542 и Прилеп – 785. Најмалку активни случаи има во Дојран – 13, Дебар – 20, Демир Капија – 21…

Во текот на изминатите 24-часа починаа 22 лица, од кои девет биле целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Во земјава се уште се очекува дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена за ковид-позитивните пациенти.

Препораката во петокот ја донесе Комисијата за заразни болести, која треба да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а потоа на владина седница.