„Скопје херои и згради“, прв проект на Андреј Павлов

Изложбата Skopje.Heroes.and.Buildings (Скопје херои и згради) e еден од првите проекти на Андреј Павлов. Се работи за композиции од дигитална илустрација на најпознатите архитектонски симоболи на Скопје, проследени со тематиката на култните суперхерои од изминатите децении обајвени во разни едиции на стрипови.

Излжбата со поднаслов ,,Изложба за Скопје, и за нас” e создадена со цел да ја раскаже приказната на овој град, од неговите бетонски монументи и симболи на еден архитектонски стил до најсуптилните љубовни емоции што се чувствуваат во јавниот простор од улиците на Дебар Маало до крововите на висококатниците по булеварите на Илинденска и Партизанска.

Секој го сака Скопје на свој начин, отворено, урбано, неизмерно, симоблично, алтуристкички, секој е херој на овој град на сопстен начин во секојдневна коегзистенција и интеракција со својата рутина и невообичаеност. Гледајќи ги хероите на изградените објекти околу нас, може да се каже дека и ние сме хероите на Скопје, или познаваме бар неколку такви личности.

За повеќе информации прочитајте на следниот линк