
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа присуствуваше на AERO Street Food Festival во Општина Аеродром, кој се одржува под покровителство на Град Скопје.
Ѓорѓиевски, кој на фестивалот присуствуваше заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, оцени дека големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма покажуваат дека Аеродром е препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации.
„Како Град Скопје, секогаш ќе бидеме силна поддршка на настаните што ги обединуваат луѓето, создаваат позитивна енергија и му даваат нова живост на градот“, порача тој.
Градоначалникот на Скопје посочи дека ваквите настани придонесуваат за создавање позитивна атмосфера во градот и за зближување на граѓаните и воедно упати и честитки до Митески и неговиот тим за организацијата на фестивалот.
„Скопје е најубаво кога неговите улици се исполнети со музика, насмевки и заедништво. Градот убав и неговата вистинска душа се луѓето и моментите што ги споделуваат заедно“, напиша Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.