Скопје домаќин на ЕП Дивизија Б за кошаркарки до 16 години

Македонската кошаркарска федерација од утре (17 август) па во наредните десет дена ќе биде домаќин на Европското првенство – Дивизија Б за кошаркарки до 16 години.

Вкупно 22 национални селекции од Европа меѓу кои и Македонија ќе се борат за првите три места кои водат во дивизија А.

Репрезентациите се поделени во четири групи, две групи имаат по шест учеснички, а две групи имаат по пет. Секоја селекција ќе одигра четири односно пет натпревари во рамки на групната фаза со минимална пауза од еден ден по третиот односно четвртиот натпревар. По завршување на групната фаза следи ден за одмор пред натпреварите од нокаут фазата и натпреварите од класификациите од деветтото до 22. место.

Финалето ќе биде одиграно на 26 август.

Македонија ќе игра во групата Б заедно со Белгија, Словенија, Ирска, Украина и со Молдавија.

Сите натпревари во рамки на групната фаза, македонската репрезентација ќе ги игра во „VIP Арената“ при Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 18 часот и 45 минути.