Скопје добива нов урбан музички фестивал – Undefest фестивал

Скопје добива нов урбан фестивал – Undefest фестивал. Прогресивен, мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура.

Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста, и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа придонесува за нивна промоција.

На 01 октомври оваа година Undefrest фестивал распиша конкурс, на кој што може да се пријават сите млади музичари кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Истите, своите податоци треба да ги испратат на електронската адреса info@underfest.mk најдоцна до 31.12.2018. Оние кои ќе ги бидат избрани, ќе настапат на фестивалот, каде ќе можат да го презентираат својот креативен труд и своите авторски дела.

„До сега сме задоволни од интересот и одзивот на бендовите кои сакаат да настапат на овој фестивал. Како досега потврдени изедувачи би ги издвоиле: The Mole Pack, Kẽpurdhat, Класје, Replay, Илузија, Cruel, Fosfen, Vlado Yo, Tonal Noir, Фуснота и други. На Фестивалот исто така е предвиден и дел за помладата публика. Во тој дел ќе настапат младата и талентирана Јована Здравевска како и нашиот овогодишен претставник на детскиот Евросонг Марија Спасовска“, изјави претседателот на UNDERFEST, Бојан Трпевски.

Фестивалот ќе се одржи од 5ти до 7ми април 2019 година, во просториите на Public Room, во Скопје, а влезот за сите фестивалски денови ќе биде бесплатен.