Скопје добива нов Божји храм посветен на Светиот Великомаченик Димитриј

Скопјани ќе добијан нов православен храм кој ќе го носи името на Светиот Великомаченик Димитриј. Темелите беа удрени денеска, токму на денот кога се чествува споменот на овој голем светец

- На овој голем ден, посветен на Светиот Великомаченик Димитриј, со особена духовна радост започна изградбата на нов Божји храм во Потстаница, кој ќе го носи името на светиот заштитник. Скопје и Македонија се благословени со бројни цркви и манастири кои ја чуваат верата и традицијата на нашиот народ, објави денеска новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

- Овој храм ќе биде уште едно свето место каде верниците ќе се собираат на молитва, со љубов кон Бога и заедништво, додаде Ѓорѓиевски кој денеска беше меѓу верниците и свештените лица кои го осветија поставувањето на темелите на новиот верски објект.