Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новиот Национален тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри.
Тренинг центарот е лоциран во подземниот дел на салата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје и е комплетно опремен со најсовремена опрема според стандардите на Светската стрелачка федерација.
Министерството за спорт го обезбеди најголемиот дел од финансиските средства потребни за реализација на овој проект кој доби поддршка и од европската и светската стрелачка федерација како и од домашни спонзори и поддржувачи на стрелаштвото, известија од Министерството за спорт.