Скопје болиш: Деца боси, полуголи оставени на раскрсница да питачат (видео)

Бебиња и малолетни деца секојдневието наместо во игра го поминуваат боси на врелите асфалти барајќи некој денар.

-Додека родителите питачат детево спиеше во количка оствено на раскрсницава повеќе од еден час. Жално оваа слика ја има на секој семафор низ градот. Треба нешто да се превземе пред се заради безбедноста на детето, неговото здравје и лошата слика која ја остваме како метропола која секојдневно ја посетуваат странци, пишува еден загрижен член во Фејсбук групата Ѕид на сообраќајниојот срам.

Бројките се поразителни, министерството за труд и социјална политика евидентира дека има околу 650 деца кои се секојдневно изложени да просат.

Иако бројките  во реалноста се поголеми, се тврди дека бројката изнесува околу 1000. Голем дел од граѓаните им даваат пари на децата кои на питачат на раскрсниците. Социјалните работници велат дека тие се најголемата жртва поради тоа што парите веднаш им ги земаат родители, а тие повторно остануваат гладни.

Проценките се дека дневно заработуваат од 500 - 1000 денари.

Политиките што ги спроведуваше МВР заедно со министерството за труд и социјална политика очигледно не дадоа долгорочни резултати. Државата кривично ги гонеше несовесните родители кои наместо да им пружат нега и образование на своите деца тие немилосрдно ги оставаат  на пеколно високи и минусни температури на улица.

Ќе се најде ли конечно решение за потресната слика која секојдневно ја гледаме на улиците низ градот?

Сите денешни вести прочитајте ги тука.