„Skopje Beer Fest“ од 20-ти до 22-ри септември на стадионот на АРМ

Традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт и ново име „Skopje Beer Fest“, годинава од 20-ти до 22-ри септември ќе се одржи на стадионот на Армијата во Градски парк.

“Skopje Beer Fest“, како што информираат од Град Скопје, на посетителите ќе им понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности.  

Од Град Скопје, наведуваат дека новиот концепт на фестивалот има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, креирање на можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови, како и промоција на Град Скопје како град на љубителите на пивото.