Скопје 2017: Десет фотографии од Филип Ѓорѓиоски

Во потрага по секојдневна испирација за уметност Филип Ѓорѓиоски успева да ја најде токму во убавините на Скопје. Се чини дека на секој агол од главниот град има убавина која треба да биде споделена и приказна која треба да биде раскажана преку фотографија.

Минатата година пишувавме за него и неговата работа, а денес ви споделуваме десет свежи фотки од Скопје во 2017 година. Филип може да го следите на инстаграм преку неговиот профил.