Скопјанката Моника е „македонското девојче“ кое стана хит помеѓу навивачите во Букурешт

Скопјанката Моника Стефановска е „македонското девојче“ кое стана вистински хит помеѓу навивачите, вљубениците во фудбалот и поддржувачите на македонската репрезентација. Нејзината фотографија деновиве е актуелна на социјалните мрежи во Македонија, но таа се најде и на Фан Бимот на #Euro2020 во Рим. 

Таа во разговор за Скопје Инфо открива дека е дипломиран економист и магистер по спортски менаџмент,  професионално се занимава со карате. Слободното време најчесто го поминува со пријателите и семејството.

Вели дека нејзини фаворити на Европското првенство се македонските репрезентативци за кои навива и ги бодри од срце, а освен за нашите играчи, таа навива и за Хрватска.