Скопјанка заврши во болница откако била нападната од куче со сопственик.
- На 01.02.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.А.(67) од село Долно Лисиче, скопско, пријавила дека на 31.01.2025 во селото била касната од куче, кое е сопственост на нејзин сосед. М.А. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.