Скопјанка заврши со лисици на рацете - го натепала 16-годишниот син

Вчера во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Г.(41) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 41-годишната Е.Г. била уапсена, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 16-годишен син.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.