Скопјанка за голготата со автобус на ЈСП: Место накај постојка, автобусот возел по автопат, патниците се вознемириле и никој не знаел што се случува

Фејсбук статусот на новинарката Валентина Ѓорѓиевска- Парго е вистинска приказна за тоа како таа од центарот на Скопје, едвај стасала дома со својот повозрасен татко.

Вистинска голгота се случувала во автобусот на ЈСП кој наместо кон Маџари, возел по автопат.

Во еден од своите статуси вели дека ЈСП знаеле за случката бидејќи возачот ја згрешил трасата на автобусот, но вели дека тоа не го оправдува фактот да остави патници на сред автопат. 

„Не, луѓе. Војна да беше ќе завршеше, чу а да беше ќе ја прележавме, африкански племиња се цивилизираа, животни од пештери се развија, само кај нас секој момент се прави намерно некое злодело против другите луѓe“, вака Валентина го започнува раскажувањето на своето искуство, односно на сопствената голгота. 

„Заврши Скопско лето. Одам со стар родител и такси до врата порачувам. Но, вечерва со него беше негов многу драг пријател и некако со муабет го поминавме мостот и седнавме на Кеј да одмори, се збуна не знаеше каде е. Бидејќи тоа е карши Холидеј ин, од каде може да се земе такси или бус, само што стигнавме на станицата (јас со намера да го оставам татко ми тука во гтц на влез има убав сладолед да му купам и да фаќам такси), дојде 50-ка со летање, пријателот стрча ја задржа вратата и некако во брзина не викна да се качиме.“, вели Валентина во својата објавата. 

Понатаму раскажува дека автобусот буквално „летал“. 

„Пред бензинската Макпетрол во Маџари нели треба да сврти на кај десно кај школото. Тој продолжи по автопат. Се чудиме сите почнаа да го прашуваат каде оди по автопат и зошто, тој уште толку додава гас и не кажува“, додава таа во својот фејсбук статус. 

Имаше уште еден мост на кој се накачи и наместо да сврти десно кон Маџари , пак се спушти надолу кон автопат. Почнаа луѓе внатре да вриштат, едни млади девојчиња викаа ” кај сме, прв пат доаѓаме наваму, треба на последна 50 ка да се симнеме, зошто сме на автопат, раскажува таа и додава дека во тој момент настанала голема галама во автобусот кога таа за својот татко се симнале од автобус додека тој бил во движење. 

Понатаму патувањето го завршиле со такси, со чија помош успешно стигнале дома. Господ да ги благослови луѓето кои се иселуваат од овде, вака го завршува Валентина својот фејсбук статус.