Скопјанка во Дортмунд: Ми недостасува слободата и кафето со соседите

Оваа скопјанка веќе 3 години живее во Дормунд. Таа вели домот е таму каде што ти се децата.

Во Германија и заминале и синот, а потоа и двете ќерки со семејствата. Таа останала тука, а и починал и сопругот.

-Кога го имав сопругот до мене, ми беше тешко, но имав со кого да зборувам, имав како да ми поминува времето. Како почина тој, јас останав сама. Седев сама две години. Децата постојано ме викаа да си одам кај нив, да си ги чувам внуците. Еве веќе 3 години сум таму, раскажува Бранка.

Поразличен е тамошниот живот. Децата се среќни, а јас уште посреќна кога ги гледам. Внуците одат на училиште, денот им е исполнет. Секој со своја обврска, вели таа.

Немам никаква обврска, особено да се грижам за станот кога тие се на работа и во училиште. Тоа го правев и кога бев во Скопје.

Убаво ми е тука, но понекогаш ми фали онаа наша слобода. Ми фалат луѓето. Луѓето тука се различни. Јас сум научена секој ден по 2,3 пати да се видам со соседите, да пиеме кафе. Тука го нема тоа. Сите си имаат свои обврски. Кафето најчесто го пијам сама, дома, во стан, во четири ѕида, додава Бранка.

Животот таму се сведува само на работа и пари и градење на кариера. Најчесто луѓето работата и по две работи, па така немаат време за ништо друго.Ниту одат на гости еден кај друг, ниту се видуваат.

Но, сепак, како и да е, јас сум среќна што сум со децата. Кога тие се среќни и исолнети, јас сум уште повеќе.