Скопјанка тешко повредена во сообраќајка во Аеродром

Скопјанка е повредена во сообраќајна незгода која се случила вчера во населба Аеродром, информираше утрово МВР.

Вчера во 18,30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Г.Г.(69) од Скопје, и патничко моторно возило „Мазда 323“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Т.Ц.(51) од Скопје.

Според полицискиот билтен по незгодата со возило на Итна медицинска помош сопатничката од возилото Ј.Г.(65) од Скопје била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. 

Возачот Г.Г. и сопатничката од другото возило Л.Ц.(48) се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.