Скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП

На 23.11.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, во автобус на ЈСП, управуван од И.Б.(52) од Скопје, паднала патничка С.А.(61) од Скопје.

С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.