Скопјанка тешко повредена откако паднала од трактор

На улицата „Речиште“ во Скопје, вчера во 10:40 часот 43-годишната Д.К. од Скопје паднала од приколка која била натоварена со сточна храна и прикачена за трактор што го управувал нејзиниот сопруг, 48-годишниот Т.К. од Скопје. 

Таа паднала во моментот кога приколката се откачила од тракторот. Од падот Д.К. се здобила со тешки телесни повреди и со друго возило била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

По укажаната помош таа била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.