Скопјанка среде бел ден ограбена во центарот на Скопје - ѝ го украле накитот

67-годишна скопјанка пријавила грабеж вчера на подрачјето на скопски Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (01.01.2026) во 14:30 часoт во СВР Скопје, М.С.(67) од Скопје пријавила дека околу 13:30 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.