Скопјанка, симнувајќи се од автобус, повредена од велосипедист

Околу 23 часот и 30 минути лекар од Градската општа болница „8 Септември“ пријавил  дека била донесена повредена 45-годишната Д.Г. од Скопје, која при симнување од автобус, била удрена од непознат велосипедист во движење.

Истата се здобила со тешка телесна повреда.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.