Скопјанка се грижи за кучиња скитници – и покрај тоа што заработува малку, таа дели по нешто и за нив

За голем број бездомни кучиња нема зима благодарение на една прекрасна жена со големо срце. 

Таа има 60 години, а голем број на кучиња секојдневно и доаѓаат пред вратите за да добијат свој оброк, вода и малку љубов и внимание. 

И покрај тоа што таа заработува многу малку, се грижи кучињата да останат здрави, да ги бања и редовн да ги води на вакцина. 

-Ретко кој ми помага бидејќи речиси никој не ме сфаќа. Но, јас знам дека правам добро дело бидејќи помагањето на кучињата е моја религија – изјавила таа.

Таа за живот заработува така што чисти по домови и кацеларии. Вели не е тоа многу, но сепак може да има по нешто и за неа, и за нив.