Скопјанка: Се додека чесно и вредно си ја работам работата и си ја заработувам платата, не се срамам од тоа што сум чистачка

Сите ние сакаме да имаме убава и платена работа. Да немаме никој што ќе ни виси над глава и ќе наредува. Сите сакаме редовна плата. Да знаеме дека на први, ќе си го земеме она за што вредно сме работеле цел месец.

И не се вели залудно дека животот на некого е мајка, а на некого е маќеа.

Славица од Скопје, завршила за да биде наставничка, но освен оа што неколку пати досега работела на замена во некое училиште, никогаш немала сериозна работа, во својата струка. Животот за да и биде потежок, кога се родила нејзината ќерка Ивана, и кога наполнила пет години, нејзиниот сопруг починал. Од тогаш започнала голготата за оваа жена. Денеска Ивана има 20 години, односно 15 години откако починал сопругот и таткото. Цели 15 години, биле тешки, мачни, но Славица никогаш не се предала. Работела се што ќе стигне. И ро ресторани, како келнерка и како готвач, и во текстилни  и чевларски фирми, и како продавачка. Никогаш не дозволила нешто да и фали на својата ќерка. И како што вели, “можеби немавме за луксуз, но имавме за храна и да ги платиме сметките”...

Денеска Славица, работи како чистачка. Вели дека веќе шест години се занимава со таа професија.

-Животот некогаш е мајка, а некогаш маќеа. Среќа па постојат богати луѓе, кои имаат пари, ама не им се работат домашните обврски. Затоа тука сум јас. Не се срамам да бидам чистачка и да држам крпа и џогер во раце. Јас искрено и вредно си работам.Има работа, некогаш не можам се да постигнам во една недела. Некаде само чистам, некаде и готвам и ги чувам децата. Не ми е мачно воопшто. Знам дека мора да се работи. Не ми пречи тоа што дома на ѕид ми е закачена факултетската диплома, раскажува Славица.

Нејзината ќерка Ивана е студент на Машинскиот факултет. Таа во слободно време и помага на мајка си, а плус и почнала да работи како фриленсер,  за да може да си ги плати студиите.