Скопјанка раскажува: Настана хаос на родителската, учителката не можеше да ги смири наметливите родители без осет

Отидов на родителска средба кај мојата ќерка 10 минути порано. Поголем дел од родителите како што влегуваа започнува разговор умилкувајќи и се учителката за нивното дете да биде најпазено и секогаш во центарот на вниманието.

Родителите се тие кои го создаваат притисокот од најмали нозе, за да го нацртаат детето во центарот на мапата на вниманието.

За време на состанокот, постојано доаѓаа родители и поголемиот дел од нив не се ни потрудија да се извинат за доцнењето.

По воведниот дел, родителите започнаа еден вид тивка војна. Одеднаш почна расправа околу купување на новогодишна елка. Звучи смешно, но навистина е така. Учителката напомена дека немаат елка бидејќи лани од невнимание им се скршила.

Тогаш еден мајка рече: „Не е проблем ќе купиме нова елка!“, очигледно мислејќи на сите нас. Потоа некој кажа дека тоа е добра идеја и таа елка ќе им остане до  девето одделение. И одеднаш настана хаос каде учителката не можеше да ги смири замислените родители и нивните предлози од боја на лампиони, големина на елка, новогодишно пакетче.

Потоа се јави еден друг татко и рече дека сме морале да направиме група на Вибер за да се договориме. Иако сите се колебаа, таткото продолжи: „Група на Вибер е ептен добра работа, супер функционира, дајте ми ги броевите, па ќе направам група.“

И тогаш... од последните редови се слушна еден глас:

„Мене баш сега ме сретна еден сосед и ме праша да му позајмам пари. Јас му кажувам дека немам, а тој ми вели: „Како соседу, зарем немаш ни 300 денари?“ Не, немам 300 денари. Пријателе, некој од нас нема ни 300 денари, а јас немам ни мобилен за тој Вибер. Но, имам стара елка кој не ја користам, па може да ја донесам утре и децата да земат  по еден лампион од дома и да ја накитат.“

Тоа беше еден од другите татковци.

Таткото што се наметнуваше одеднаш се повлече, веројатно сфати дека беше премногу нападен. Учителката воздивнаа, расправата заврши, проблемот беше решен.

Тргнав кон мојот дом, но во устата ми остана горчлив вкус. Иако сме родители, сепак некогаш сме како недораснати тинејџери. 

Некои одбиваат да пораснат, да ги променат навиките, да дојдат на време, да кажат „Добар ден“, да се извинат кога ќе задоцнат, да ги почитуваат учителките и институцијата во која се наоѓа, да се спуштат на земја и да сфатат дека сите луѓе не можат да си дозволат се.