Скопјанка пријавила роднина за обид за обљуба врз ќерките

Жена од Скопје пријавила дека тетинот на нејзините ќерки се обидел насилно да стапи во интимни односи со нив. 

Според Билтенот на МВР, 42-годишна жена, на 26 февруари, во полицијата во Гази Баба пријавила обид за обљуба врз нејзините две ќерки, од страна на нивниот тетин Б.Н. 

Полицијата го расчистува случајот.