Скопјанка пријавила роднина во полиција - им се заканувал на неа и на нејзиниот сопруг

Скопјанка пријавила во полиција дека таа и нејзиниот сопруг, од страна на нивен роднина им биле упатени закани.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско, пријавила дека околу 13:45 часот нивниот роднина Т.К. упатувал закани кон неа и кон нејзиниот сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.