Скопјанка пријавила дека подолг временски период добивала вознемирувачки пораки од сограѓанин

36-годишна скопјанка синоќа пријавила дека подолг период добивала вознемирувачки пораки од 42-годишен сограѓанин.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период добивала вознемирувачки пораки од А.М.(42) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.