Скопјанка пријавила дека била натепана од сосетката

Доцна синоќа се степале две сосетки на подрачјето на Шуто Оризари.

Денеска (03.09.2025) во 02:00 часот во Скопје, З.Ф.(24) пријавила дека на 02.09.2025 околу 22:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзината сосетка Н.Ј.(45), двете од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.