Скопјанка преку Фејсбук отишла на работа во Словачка - сопругот пријавил во полиција не може да ја пронајде

Скопјанецот Р.Т.(46) во полиција пријавил дека неговата сопруга А.Т.(33) на 27.07.2018 година заминала за Р.Словачка на работа по претходен договор преку социјалните мрежи. 

Пријавителот до 01.10. имал контакт со неговата сопруга по што повеќе не може да стапи во контакт со неа бидејќи телефонскиот број преку кој контактирале, не бил во функција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од МВР.