Скопјанка повредена по удар од тротинет, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека денес во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот  Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.

Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. 

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.