Скопјанка отворено зборува за посвојување на деца – подадете рака, љубов, дом и родителство таму каде што е потребно

Скопјанката Марина се отвори за посвојувањето на двете деца, потенцирајќи дека приоритет во животот ѝ се децата и дека прави сè за да се грижи за нив најдобро што може.

Марина и нејзиниот сопруг Миле многу години се обидувале да станат родители, но не успеале. После многу години неуспешни обиди, се решиле за посвојување на деца.

-Четири години по поднесувањето на документи, во нашиот дом се слушна детски плач, детска миризба, детска насмевка, раскажува Марина.

Ја посвоиле ќеркичката Александра, за која се гордеат.

После неколку годидни, овој брачен пар поднесува документи за посвојување на уште едно дете. По неколку години, нивниот дом се збогатува за уште еден член. Тука доаѓа и Дарио, нивниот син.

-Александра беше пресреќна што има братче, а ние уште посреќни што имаме син. Таа многу го чуваше. Се сакаат и чуваат и денеска, како да се вистински брат и сестра, вели Марина.

Нивните деца уште од самиот почеток знаеле дека Марина и Миле не им се вистински родители.

-Тие имаат се што им е потребно. Родител, мајка, татко, дом, семејство, љубов, а тоа е она што е најпотребно. Тие се веќе тинејџери и никогаш немало некој неубав момент, поврзан со посвојувањето, вели таа.

Марина ги советува сите брачни парови, доколку не можат да имаат деца од оправдани причини, да подадат рака, љубов, дом и родителство таму каде што е потребно, а на многу деца тоа им е потребно. Многу деца немаат она нешто што е вистинско.