Скопјанка: Откако воспитувачката слушна каде работам го смени однесувањето кон моето дете

Имам синче 3 години. Тргнавме во градинка.Како и секое дете со плачки го носиме.Во групата сега има околу 28 деца, една негувателка и една воспитувачка.

Премногу деца за да може на сите да им се обрне внимание....Земјаќи го синчето од градинка секој пат негувателката вели дека супер бил, се наручкла убаво и си играл со децата, но гледајќи го своето дете имам сосема разлчна слики.Кога ќе тргнеме накај дома веднаш ме прашува што имаме за јадење, а само што сме го земале од ручекот, кога ќе го прашам дали си играло со некој од  дечињата постојано ми одговара дека седи на стрна и не присуствува во ниедна игра.

Ми падна тешко и ја сменив тактиката, почнав  секој втор ден телефонски, измислуваќи некоја причина дека сме заборавиле нешто да прашувам како е моето дете - Добро е , само сам седи не сака да игра, постојано го добивав овој одговор се до денот до дека воспитувачкат при неврзан муабет ме праша каде работам...Ми падна чудно, реков имам свој бизнис, да ах што убаво, пред некој ден една од воспитувачките од дргите групи ми рече многу ми е позната мајката на Давор, каде ли работи.А, поточно со што се занимавате. Сега отвараме ресторан, инаку работам во едно јавно претпријатие раководител...ооо добро во ред не се грижете Давор е супер дете...И така заминв мислејќи како учителката под рака ме фати од како ги дозна сите овие информации и за прв пат видов насмевка и грижа за моето дете од нејзина страна.

Како поминуваа деновите моето дете со насмевка си заминуваш секој пат од градинката.Кога ќе го прашав добивав одговор дека денеска јадел и многу било вкусно затоа што учителката го ренела, и играл со групата на деца кои предходно постојано го игнорираа.

Дојде време за престава и мојот син беше избран меѓу четирите дечиња кои требаа да пеат и глумат. Се зачудив бидејќи по природа е многу срамежлив, а искрено се уште чисто не ги изговара зборовите...Кога бевме болни воспитувачката се јавуваше да праша како сме, нудејќи се кога ќе се врати детето во градинка да бидат тргнати плишаните играчки со цел да не му создаваат алергија која на Давор му прави проблем.

Зар требаше да кажам што работам за да се покаже грижа и мало внимание кон моето дете?

Не ми е јасно зошто воопшто не се обрнува рамномерно внимание на сите дечиња.Зар е потребно воспитувачката да си прави проста математика и да си изнаоѓа врски секаде, за свои потреби и инереси. Но, да не заборавивме во оваа приказна има и друга страна родители кои им се додворуваат, кои донираат пари купуваат телевизор, кои се спонзори на некој настан со цел нивниот дете да биде пред сите. А, што да направат родителите кои не се на некоја позиција и се обични работници?