
Вчера (14.01.2026) во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари.
Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.