Скопјанка нападната од куче скитник во центарот на градот

Во текот на вчерашниот ден регистриран е нов напад од куче скитник во строгиот центар на Скопје.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера во Полициската станица Центар 27-годишна скопјанка пријавила дека на 21 август околу 22:00 часот на кејот 13 Ноември била касната од куче скитник во пределот на десната натколеница.