Скопјанка нападната на автобуска постојка во Нерези, скопјанец на Бит Пазар

52-годишна скопјанка вчера била нападната на автобуска постојка во Нерези, скопјанец претходните денови на постојка на Бит Пазар. 

Како што информираа од полицијата, вчера во 20:15 часот во СВР Скопје, Ј.К.(52) од Скопје пријавила дека околу 16:20 часот на автобуска постојка во Долно Нерези била физички нападната од Ќ.И.(61) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во друг случај, вчера во 18:30 часот во СВР Скопје П.Б.(47) од село Кучевиште,скопско, пријавил дека на 02.09.2025 околу 19:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата за овој случај.