Скопјанка на фејсбук: Македонија е Тимјаник, само некој го чита, а некој го живее секојдневно

Жители на неготински Тимјаник, тврдејќи дека се загрижени за безбедноста на своите деца, не дозволуваат сместување на четири деца со интелектуална попреченост во новиот мал групен дом „Нема да дозволиме Тимјаник да стане Демир Капија. Ова беше причина на социјалните мрежи да се огласи Домника М. Кардула која е мајка на дете со попреченост.

Македонија е Тимјаник, само некој го чита, а некој го живее секојдневно. Јас живеам во Центар и моето дете оди на училиште во нашата општина. Во прво одделение двајца родители ги отпишаа своите деца ( откако им пропадна петицијата за бркање на моето дете ) бидејќи мислеле дека нејзиното присуство го ремети развојот и напредокот на нивните деца, вело Кардула.

Таа раскажува за голготата низ која секојдневно поминува за животот, за пречките, погледите накосо и за нешето општество.

Годиниве на мачно живеење ја убија емпатијата која порано постоеше во поголема мерка. Не знаете како е да се живее со грижата за своето посебно дете. Поставувате прашања кој имал повеќе приоритет? Здравите или немоќните? Па дали е возможна ваква дилема?, вели таа во својот статус.

Целиот статус може да го прочитате тука.