Скопјанка му се пожали на Ковачевски: Цените се до плафон (Видео)

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, прошета низ скопски маркет за да ги провери цените на јајцата.

Граѓаните го сретнаа премиерот во маркет и притоа ја искористија можноста за да го искажат своето незадоволство, а една скопјанка се пожали дека цените се до плафон.

-Цените се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари, тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не може да купиме ниту лекови со тие пари, му кажа скопјанката на премиерот.

Моментот може да го погледнете на 2.15 од видеото.

ВИДЕО: Миа.мк