
Жена од скопско и 60-годишник од Тетово ќе се гонат за организирање на проституција.
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, информираа од МВР.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа, известуваат од полицијата.