Скопјанка го пријавила внукот од полиција: Ѝ се заканувал нејзе, на син ѝ, а фрлал и кон куќата со камења

50-годишна скопјанка го пријавила нејзиниот внук од брат, дека ѝ се заканувал пред домот, а исто така и преку мобилен телефон на нејзиниот син.

Од МВР информираат дека вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријавила дека околу 11:30 часот пред домот на подрачјето на Карпош дошол К.Ж., нејзин внук од брат, кој ѝ се заканувал и со камења фрлал по куќата.

Според пријавеното, К.Ж., исто така, упатувал закани на мобилен телефон и на нејзиниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.