Скопјанка го натепала сопругот, тој ја пријавил во полиција

Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од страна на неговата сопруга во нивниот дом во Кисела Вода.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.З.П.(42).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.