Скопјанка физички го нападнала својот 91-годишен татко

56-годишна скопјанка е приведена бидејќи го нападнала својот татко. 

Од МВР информираат дека скопјанката е приведена вчера околу 19.05 часот, на подрачјето на Карпош. Имено, таа по претходна расправија, физички го нападнала нејзиниот 91-годишен татко, при што употребила тврд предмет. 

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.